Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Марјан Илиевски по мечот во Солнок: „Мора да се подобруваме во секој поглед“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Второто коло од претквалификациите за Светското првенство донесе тежок пораз за македонската кошаркарска репрезентација, која загуби од Унгарија со 96-58. Селекторот Марјан Илиевски смета дека ваквата разлика не ја отсликува реалната слика за квалитетот на двете екипи.

„Очекував натпреварот да изгледа малку поинаку, бидејќи мислам дека разликата од 38 поени е претерана во однос на квалитетот на двете репрезентации. Верувам дека нашите кошаркари преголемо ги респектираа Унгарците, и токму тука треба да ги бараме причините за поразот.Одигравме добра една четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погодија 15 тројки со 40% успешност од дистанца. Унгарската екипа има квалитет и денеска беше многу мотивирана да победи пред своите навивачи, кои им пружија голема поддршка.Задоволен сум од настапот на младите кошаркари и верувам дека во иднина ќе играме значително подобро. Сепак, ни останува постојано да се подобруваме во секој поглед. Верувам дека ќе се надградуваме, но мора да внимаваме – кога резултатот оди во негативна насока, не смееме да бараме брзи решенија, бидејќи тоа само ја продлабочува кризата. Јас им давам целосна поддршка на играчите, тие даваат максимум, но јасно е дека сè уште ни недостасува искуство. Сепак, тоа е реалноста со која се соочуваме, а искуството е нешто што засега го немаме,“ изјави Илиевски по мечот во Солнок.

Пред македонските кошаркари сè уште остануваат два натпревари во претквалификациите за Светското првенство, а најклучен од нив е следниот дуел против Романија, кој ќе се игра на 13 август во Орадеа.

Овој натпревар ќе биде важна проверка за нашиот тим, кој има обврска да покаже подобра игра и да се врати на победничкиот пат по неодамнешниот тежок пораз од Унгарија. Селекторот Марјан Илиевски истакна дека е потребно максимално вложување и концентрација за да се искористи шансата за напредок во групата и да се зачуваат надежите за пласман во следната фаза.

Македонските кошаркари ќе мора да ги исправат грешките од претходните натпревари и да прикажат енергична и храбра игра, особено во одбраната, каде што им беше најголем предизвик против силните противници досега.

Поддршката од навивачите и мотивацијата на играчите ќе бидат клучни за успешен резултат во Орадеа.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за мундијалските претквалификации

Македонската футсал репрезентација патот кон завршницата на Светскиот шампионат што ќе се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!