Турнири

ВИДЕО: Оливер Промет со убедлива победа од осум гола на „Подареш 2025“, триумф и со 12 гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“ беа одиграни нови три натпревари, а на кои беа постигнати рекордни погодоци, а на што публиката можеше само да ужива во добриот фудбал, вкусната скара и ладното пиво.

Првиот меч најави дека ќе има вистинска голеада, откако Оливер Промет Подареш го декласираше тимот на Бунарџик со 1:8.

Веќе во вториот меч беа постигнати шест погодоци, а екипата на Инсајд Стил со 4:2 го доби тимот на Подареш, кој беше немоќен против разиграниот противник.

Во третиот меч екипата на Готен Јуниор доживеа вистински дебакл откако Ан Са и Перо и Тајфата со 1:12 убедливо триумфираа и најавуваат борба за висок пласман на турнирот кој со своето второ издание се наметнува како еден од најдобро организираните во регионот.

Вечерва продолжуваат возбудувањата со новите натпревари, а Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!