Втора лигаФудбал

Грозданоски и Христов имаат по седум гола во Втората лига, Јовов со пет!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По седум одиграни кола во Втората лига, а пред репрезентативната пауза во однос на листата на стрелци со по седум погодоци се Дарко Грозданоски кој настапува за Кожуф и Симеон Христов кој настапува за Македонија ЃП.

Димче Јовов од Беласица има пет погодоци. Потоа со по четири погодоци следуваат Хусеин Демир од Башкими, Аљбин Рамадани од Арсими, Андреј Симевски од Каменица Саса и Никола Талески од Победа.

По три гола имаат Илија Баламов од Вардарски, Христијан Кировски од Скопје, Тони Мичковски од Каменица Саса и Шефит Шефити од Арсими.

Во однос на листата на автоголови по девет кола има два автогола. Павле Петров од Борец си постигна автогол, како и Лука Трајкоски од Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!