Ракомет

Кадетскиот репрезентативец Мартин Иванов ново засилување за МРК Куманово

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Македонскиот кадетски ракометен репрезентативец Мартин Иванов е нов член на МРК Куманово. Младиот ракометар, роден во 2006 година, игра на позицијата десно крило и во кумановскиот суперлигаш пристигнува од редовите на Борец Фруитленд.

„За мене како млад ракометар ова е ново поглавје во мојата спортска кариера. Се надевам дека укажаната шанса ќе ја искористам максимално и ќе се обидам да му помогнам на тимот наредната сезона да избори место меѓу првите шест екипи“,изјави Иванов по потпишувањето на договорот.

Кумановци, кои во новата сезона ќе бидат предводени од тренерот Аце Станковски, продолжуваат со засилувања со цел да изградат конкурентен состав за битката во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!