Прва лигаФудбал

Арсими денес го има своето деби во Прва лига – во Куманово против Башкими

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Арсими денес ќе го има својот деби меч во Првата македонска фудбалска лига, клубот од Чегране испиша историја со пласманот во фудбалската елита на Македонија.

„Веруваме дека ќе бидеме подготвени да дадеме пример на екипа што игра со страст, почит и достоинство, а пред сè, ги почитува противниците и промовира коректна и фер игра. Само со таков пристап ќе им овозможиме на нашите навивачи и на сите љубители на фудбалот да уживаат во натпреварите, додека нашиот клуб со достоинство и гордост ќе се бори за позитивни резултати“, рече претседателот на клубот Амир Билали во изјата за ФФМ.

Мечот во Куманово ќе биде соочување на двете екипи кои минатата сезона водеа борба за влез во ПМФЛ.

„Не очекува тежок натпревар. Целосно сме подготвени и мотивирани да ја започнеме сезоната со победа.Играме дома и верувам дека со поддршката од публиката, која ќе дојде во голем број, на крајот ќе се израдуваме на победата“, изјави капитенот на Башкими, Арменд Алими за ФФМ.

Натпреварот во Куманово започнува во 17:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!