Прволигашот ЖФК Каменица Саса доби квалитетно засилување во дефанзивната линија со ангажманот на 18-годишната Елена Каменова од Бугарија. Таа доаѓа од екипата на ЖФК Спортика, а и покрај младата возраст, веќе има дебитирано за сениорската репрезентација на Бугарија. Каменова игра во одбраната и се очекува да биде значаен адут за стабилноста на дефанзивата на тимот од Македонска Каменица.
Со нејзиното доаѓање, клубот ја потврдува својата амбиција за уште посилни настапи во новата сезона и борба за врвот на табелата.
Новата сезона во ПЖФЛ започнува на 17 август, а во првото коло Каменица Саса гостува во Куманово кај ЖФК Речица, каде Каменова би можела да го запише својот деби настап.