Во духот на традицијата и спортот, ова лето Волино повторно ќе пулсира со адреналин и фудбалски возбудувања – започнува 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“. Овој реномиран турнир, кој секоја година ги собира најдобрите екипи од регионот, оваа година ќе има и посебна, емотивна димензија.
Турнирот ќе се одржи во с. Волино, општина Дебрца, а годинашното издание ќе биде со меморијален карактер, посветено на прерано починатиот Крсте Илинкоски – голем љубител на спортот и долгогодишен поддржувач на турнирот и на локалниот фудбалски клуб ФК Сатеска. Во негова чест, наградата за најдобар стрелец од оваа година ќе го носи името „Крсте Илинкоски“.
Оваа година интересот за учество беше огромен – на ждрепката се извлекоа дури 31 екипа, што го прави „Богородица Куп“ еден од најмасовните турнири во Македонија ова лето. Тимовите се поделени во 8 групи:
А група: Плажа Канео, Компани Стојкоски, Бел Мерцедес, Др. Баткоски
Б група: Искра, Екстра Скопско, Ескобар, Сатеска
В група: Кафе Бар Лавадо, Брумел, Новапор, Ресорт Бате Боле
Г група: Гранит Х, Кибо Пласт, Блу Фиш, ДООЕЛ Ноче
Д група: Мартиник Мебел, Чардак Велгошти, Македонија, Гост. Кај Мече
Ѓ група: Инекс Олгица и Спа, Оровник Танче Мирчески, Дејан Војвода, АД Галеб
Е група: Мешеишта, Кутмичевица Вевчани, Аце Најдески, Лаз Бун Мороишта
Ж група: Том Гор, Хотел Тино, Турист Инжинеринг
- Турнирот нуди привлечен награден фонд:
🥇 Прво место – 200.000 денари
🥈 Второ место – 100.000 денари
🥉 Трето место – 30.000 денари
🎖 Четврто место – 10.000 денари
Стартот е закажан за недела, 10 август 2025 година, а љубителите на малиот фудбал ќе имаат можност да уживаат во силни натпревари, преполни трибини и вистински спортски дух.
Спортска Мрежа оваа година за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што навивачите и љубителите на малиот фудбал ќе можат секоја вечер да ги следат резултатите, најдобрите моменти и извештаите од теренот.