Прва лигаФудбал

Шкендија со „петарда“ против Шкупи – шампионот моќно тргна во одбрана на титулата!

Сподели
Сподели

Актуелниот македонски првак Шкендија триумфално ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Шкупи со убедливи 5-1 на Градскиот стадион во Тетово. Победата беше очекувана, со оглед на тоа што гостите од Чаир допатуваа во скратен состав – дури седум младинци беа во стартната постава, а на клупата седеа само четири резерви, од кои двајца голмани.

Шкендија офанзивно го отвори мечот и уште во 8. минута поведе преку Флорент Рамадани, кој со прецизен и силен удар од дваесетина метри го совлада Максимилијан Гроте. И покрај проблемите, Шкупи успеа да израмни во 14. минута преку Малик Хајвали, кој искористи невнимание во одбраната на домаќините. Но, надежите на гостите кратко траеја – само три минути подоцна Ендрит Рустеми доби втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.

Веќе во 21. минута, Арлинд Зејнулаи повторно донесе водство за „црвено-црните“ по убаво проигрување од левата страна. До крајот на првиот дел, домаќините имаа уште неколку шанси, но резултатот остана 2-1.

Во второто полувреме, избраниците на Јетон Беќири целосно го контролираа мечот. Влезот на капитенот и најдобар стрелец во историјата на македонскиот фудбал, Бесарт Ибраими, донесе уште поголема закана за голот на Шкупи. Тој за само шест минути постигна два гола – во 70. и 76. минута – за убедливи 4-1. Крајниот резултат го постави Лиридон Љатифи во 83. минута, запечатувајќи го најубедливиот триумф на Шкендија против Шкупи во нивните 36 меѓусебни дуели.

Следен предизвик за Шкендија е реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите против Карабах, додека во домашното првенство викендов ќе гостува кај Македонија ЃП. Шкупи, пак, во второто коло ќе го пречека Силекс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!