Второлигашот Осогово и Каменица Саса одиграа пријателски натпревар на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
Натпреварот заврши без победник, но и без погодоци, чисти мрежи во сите 90 минути.
Овој натпревар е уште еден во низата на тестови за двете екипи за проверка на формата пред стартот на новата сезона во Втората лига, а кој старт е закажан за 23 август.
Интересно е тоа што токму овие две екипи со меѓусебно соочување како дерби на Истокот ја отвараат сезоната во Македонска Каменица.