Прва лигаФудбал

Српскиот дефанзивец Лука Лукович ново засилување за Брера Струмица

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Брера Струмица продолжува со реконструкцијата на тимот за новата сезона, а најново име во редовите на клубот е српскиот одбранбен фудбалер Лука Лукович.

Фудбалерот од Белград има 24 години и доаѓа од малтешкиот клуб Балзан, каде што настапуваше во пролетниот дел од минатата сезона. Лукович е висок над два метри и се истакнува со физичка доминација и присуство во дефанзивната линија.

Покрај искуството во Малта, тој има играно и две сезони во Естонија, каде ги бранеше боите на две различни екипи, а во својата татковина Србија има настапувано за клубови како Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик, Синѓелиќ и други.

Со своето искуство и физички предиспозиции, Лукович се очекува да биде клучен играч и вистински столб на одбраната на Брера Струмица, која во новата сезона ќе се претстави со подмладен и амбициозен состав.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!