Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Втора шанса за кошаркарите – Унгарија на домашен терен ја чека Македонија!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска репрезентација денеска тргна кон Солнок, каде викендов ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Светското првенство. Противник ќе биде селекцијата на Унгарија, а натпреварот е закажан за сабота од 18:00 часот.

По поразот од Романија во Куманово, македонските кошаркари немаа многу време за одмор, ниту за подетални анализи. Селекторот Марјан Илиевски со јасна цел пред новиот предизвик: подобро издание и поефикасна игра на гостински терен.

„Морам повторно да нагласам, и се надевам дека во иднина нема да морам, дека нашата репрезентација сè уште се создава. Станува збор за нов состав со млади играчи, кои сè уште немаат позначајни улоги во своите клубови. Сепак, морам да ги пофалам за енергијата и ангажманот што го покажаа против Романија. Верувам дека со секој нов натпревар ќе растеме и ќе бидеме подобри. Тоа можеби нема да се случи веднаш, но е многу важно за иднината на оваа репрезентација“ – изјави Илиевски.

Тој ја потенцираше и важноста на колективниот дух:

 „Бројките и индивидуалните статистики не ни значат многу. Поважно е како функционираме како тим. А против Романија се виде дека постои таа тимска хемија, која ни е клучна во овој процес на подмладување.“

Што се однесува до следниот ривал, селекторот со почит зборуваше за квалитетите на унгарската репрезентација:

 „Унгарците се атлетска екипа што игра брза и модерна кошарка. Имаат играчи што можат да погодат од сите позиции. Нивниот најискусен играч, Војвода, е лидерот на тимот и токму на него ќе треба особено да внимаваме. Нашата задача е да ја спречиме нивната транзиција, да ги затвориме шутерите и да бидеме поефикасни во нападот. Одбраната ни е силна страна, но мора да ја подобриме реализацијата, особено кај помладите играчи“ – заврши Илиевски.

Македонија во Солнок ќе се обиде да стигне до првата победа во овие претквалификации, која би значела и поголема самодоверба пред следните предизвици. Во сабота со почеток од 18:00 часот ќе играат против селекцијата на Унгарија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!