Кошарка

ЖКК Крива Паланка ќе игра во ВАБА 2 лигата – нов интернационален предизвик за вицепрвакот

Сподели
Сподели

Македонскиот кошаркарски вицепрвак во женска конкуренција, Крива Паланка, во новата сезона ќе се соочи со интернационален предизвик. Тимот ќе биде дел од ВАБА 2 лигата – втората Јадранска лига за жени.

„Ова ќе биде наше прво интернационално искуство, и во ВАБА 2 лигата конкуренцијата ќе биде сериозна, со тимови од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Австрија. Сепак, ние како клуб сме целосно подготвени да го дадеме максимумот. Првите два натпревари ги играме на домашен терен и верувам дека ќе ја претставиме Крива Паланка и Македонија на најдобар можен начин“, изјави тренерот Виктор Петковски.

Во ова натпреварување ќе учествуваат девет екипи кои ќе се борат за бодови на иста табела. Покрај Крива Паланка, во лигата ќе настапат тимовите на УБИ Грац од Австрија, Илирија, Јежица и Марибор од Словенија, Брод на Сави од Хрватска, Бановичи од Босна и Херцеговина, како и Подгорица од Црна Гора и Рајфајзен Дачес од Австрија.

Стартот на натпреварувачката сезона е закажан за 27 септември, а сите екипи ќе се натпреваруваат по систем со една табела.

Ова е значаен чекор во развојот на Крива Паланка, која преку ова натпреварување ќе има можност да се натпреварува на повисоко регионално ниво и да стекне вредно искуство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!