Прва лигаФудбал

Емрах Макиќ – ново засилување за Брера пред стартот на новата сезона

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Екипата на АП Брера Струмица продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново име во тимот е босанскиот фудбалер Емрах Макиќ.

Макиќ е 24-годишен играч кој настапува во дефанзивниот дел од средниот ред, а доаѓа од редовите на босанскиот второлигаш ОФК Градина од Сребреник. Во својата кариера има настапувано и за неколку други клубови во Босна и Херцеговина, меѓу кои: Бихач, Раднички Лукавац и Горажде, а беше дел и од младинските категории на Сараево и Јајце. Една сезона има настапувано и во хрватскиот фудбалски шампионат, што претставува дополнително искуство кое ќе му користи во новата средина.

Новиот играч веќе се приклучи на тренинзите со струмичкиот прволигаш и се очекува да биде една од опциите во тактичките планови на тренерскиот тим. Управата на клубот, предводена од новиот спортски директор Зоран Балдовалиев, активно работи на консолидирање на ростерот во последните денови од преодниот рок.

Првенството започнува веќе овој викенд, а Брера во првото коло ќе се соочи со Силекс. Тимот влегува во сезоната со јасна цел – обезбедување опстанок и стабилност во елитата, а новите засилувања, меѓу кои и Макиќ, треба да дадат свој придонес кон таа мисија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!