Одбојкарска репрезентацијаТурнири

Во Скопје стартува 49. меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе го организираат меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Натпреварувањето ќе се одржи на 5, 6 и 7 август 2025 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меморијалот, кој е традиционален дел од годишниот календар на ОФМ, повторно ќе биде во функција на подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија за претстојните квалификации за Европското првенство. Покрај нашата селекција, на турнирот ќе учествуваат и националните тимови на Бугарија и Швајцарија.

На прес-конференција беа истакнати очекувањата од овој престижен турнир.

 “На мое големо задоволство, турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ се одржува по 49-ти пат, во чест на мојот покоен татко – основоположник на одбојката во Тетово, човек кој остави длабок белег во македонската одбојка. Особено ме радува што и оваа година турнирот е ставен во служба на националниот тим. Имаме силни противници како Бугарија и Швајцарија, и се надевам на квалитетни натпревари. Ги поканувам сите љубители на одбојката да дојдат и да ја поддржат Македонија “, изјави Ивица Хаџииљоски, потпретседател на ОФМ и претставник на семејството.

Генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, изрази благодарност за поддршката и го нагласи значењето на турнирот:

“Голема благодарност до семејството Хаџииљоски за континуираната организација на овој значаен турнир. Задоволство е што турнирот добива сè поголемо признание на европската одбојкарска сцена. Оваа година имавме можност да бираме меѓу заинтересираните репрезентации. Исто така, благодарност до Министерството за спорт за нивната поддршка. Се надевам на успешни натпревари и победа на нашата репрезентација”.

Македонија ќе го отвори турнирот денес со натпревар против Швајцарија, кој ќе започне во 17:45 часот. Во среда ќе се одигра дуелот помеѓу Бугарија и Швајцарија од 19:00 часот, додека турнирот ќе биде затворен во четврток со натпреварот Македонија – Бугарија, исто така од 19:00 часот.

Селекторот Јошко Миленкоски го истакна значењето на турнирот како дел од подготовките за европските квалификации:

„ Задоволството е големо што повторно учествуваме на овој меморијал. Турнирот е дел од 32-дневниот подготвителен циклус со 37 тренинзи и четири пријателски натпревари. Целта ни е темпирање на формата за дуелите со Грција и Грузија. Иако резултатот не е приоритет, ќе дадеме сè од себе да победиме, да ја мотивираме публиката и да го израдуваме семејството Хаџииљоски, кое долги години дава исклучителна поддршка на македонската одбојка„ – рече Миленкоски.

Искусниот репрезентативец Никола Ѓорѓиев не го криеше задоволството што повторно е во главниот град, во познато окружување и атмосфера.

„Преубаво е да се вратиме во Скопје, во „Александар Палас“ и во СЦ „Борис Трајковски“, каде што сме биле и во 2023 година на Европското првенство, од кое носиме прекрасни спомени. Благодарност до ОФМ за условите што ни ги овозможи – и во Струмица, и сега овде во Скопје. Ова е одлична почетна точка за сè што следува“, рече Ѓорѓиев.

Тој со особена емоција зборуваше и за меморијалниот турнир „Чајка“, кој, како што рече, му е омилен.

„Овој турнир ми е еден од најдрагите. Искрено, се изненадив дека веќе се игра 49-то издание. Јас сум учествувал барем на десетина, но сум го освоил само еднаш – во 2011 година. Многупати сме губеле во финале со 3:2, па се надевам дека овојпат ќе бидеме на врвот. Сакам да му се заблагодарам на семејството Хаџииљоски за нивната посветеност – турнирот секогаш е организиран во наша служба, за да не подготви за официјалните натпревари. И со едните и со другите имаме по една победа и еден пораз. Очекувам интересни и квалитетни натпревари. Се надевам дека македонската публика ќе дојде во салата и ќе не поддржи. Во името на сите репрезентативци можам да ветам ќе го дадеме нашиот максимум, “ порача Ѓорѓиев.

Влезот за сите натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде бесплатен, а дуелите на македонската репрезентација ќе се емитуваат во живо на МРТВ 3.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Ново име во стручниот штаб на Јошко Миленковски

Еден од најреномираните македонски тренери за физичка подготовка, Петар Баснарков, е назначен...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски и Гавриловиќ го објавија планот за Европската лига 2026

Подготовките за настапот во Европската лига 2026 на машката и женската сениорска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Мажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!