Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски и Гавриловиќ го објавија планот за Европската лига 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Подготовките за настапот во Европската лига 2026 на машката и женската сениорска репрезентација на Македонија ќе започнат на 13 мај во Скопје. Селекторот на машката селекција, Јошко Миленкоски, како и новиот предводник на женскиот национален тим, Милош Гавриловиќ, го утврдија планот и програмата за работа за првиот дел од летните активности.

Машката репрезентација ќе се собере во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе тренира во наредните две недели. Генералната проба пред стартот на натпреварувањата ќе ја имаат со пријателски средби против Црна Гора, кои ќе се одиграат од 27 до 29 мај во Будва.

Првиот турнир од Европската лига 2026, која од оваа година воедно претставува и квалификациски циклус за Европското првенство 2028, македонските одбојкари ќе го одиграат на домашен терен, во салата „Парк“ во Струмица. На 5 јуни Македонија ќе се соочи со Холандија, додека на 7 јуни противник ќе биде Луксембург.

Вториот турнир е закажан во Атина, Грција. На 13 јуни Македонија ќе игра против Исланд, а ден подоцна ќе се сретне со домаќинот Грција. Третиот турнир ќе се одржи во Гњилане, Косово, каде на 19 јуни избраниците на Миленкоски ќе играат против Косово, а на 20 јуни против Израел.

Женската репрезентација паралелно ќе се подготвува во СЦ „Форца“ во Скопје. Националниот тим треба да одигра два контролни натпревари на 29 и 30 мај, а Одбојкарската федерација е во преговори со потенцијални противници.

Дамите првиот турнир од Европската лига 2026 ќе го одиграат во Порто, каде на 6 јуни ќе се соочат со Унгарија, а на 7 јуни со Португалија. Потоа следува настап во Аликанте, Шпанија – на 12 јуни против домаќинот, а на 13 јуни против Азербејџан.

Настапот во овогодинешното издание Македонија ќе го заврши на домашен терен. Во СЦ „Борис Трајковски“ на 19 јуни ќе игра против Хрватска, а на 21 јуни против Словенија ќе го комплетира учеството во Европската лига 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!