Турнири

Финале на „Ораовица 2025“ – Спектакл за крај на турнирот! Фреинт Оне против Il-Ma Montage

Сподели
Сподели

Вечерва се игра последниот, финален ден на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица.

Финалниот ден ќе биде затворен со три возбудливи натпревари: борба за третото место, финале во пионерска конкуренција и големото сениорско финале кое се очекува да биде вистински фудбалски спектакл.

Според распоредот, вечерта ќе започне во 20:30 часот со натпреварот за третото место, во кој ќе се соочат екипите на Мече Дел Шпед и Јанев Пласт.

Во 21:30 часот ќе следува финалето во пионерска конкуренција (генерација 2010–2013), каде ќе се сретнат екипите на Техноинженеринг и Мил-Бор.

Кулминацијата на вечерта е закажана за 22:30 часот, кога во големото финале ќе се вкрстат Фреит Оне и Il-Ma Montage. Очекувањата се дека трибините и просторот околу теренот ќе бидат преполни со публика, која ќе има можност да ужива не само во добар фудбал, туку и во вкусна скара и ладно пиво – идеална комбинација за незаборавно навивање.

Спортска Мрежа оваа година за првпат беше медиумски покровител на турнирот, следејќи ги сите резултати од првиот до последниот ден.

Подгответе се за вечер исполнета со емоции, спорт и незаборавна атмосфера во Ораовица!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите, како и два меча кај...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!