Вечерва во рамки на групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2025“ беа одиграни нови три натпревари кои донесоа многу погодоци и одлична атмосфера од страна на публиката.
На првиот меч екипата на Фасада Чајник со убедливи 1:8 го декласираше тимот на Гарден Голд. Победничкиот тим од стар на натпреварот имаше доминација и ја диктираше играта.
И на вториот меч имаше многу погодоци за убедлива победа на Поликлиника Др. Спаско од 6:2 над Јасмин Транс Лажани.
Третиот меч беше најнеизвесен откако Поликлиника Др. Спаско загуби со минимални 0:1 од тимот на Гранд Истанбул Баухаус.
Фудбалските возбудувањата продолжуваат и утре со нови натпревари, а Спортска Мрежа е медиумски покровител и оваа година.