ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов се сели во Грција – нов предизвик во дресот на АЕЛ Лариса!

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ќе настапува во Грција. 25-годишниот играч за врска се договори со клубот на двегодишна соработка.

АЕЛ Лариса, еден од најпознатите клубови надвор од големите фудбалски жаришта како Атина и Солун, го обезбеди потписот на Атанасов како дел од засилувањата за новата сезона.

Атанасов во Грција доаѓа по двегодишна епизода во полската Краковија. Во својата досегашна кариера има настапувано и за Бурсаспор од Турција, Хајдук Сплит од Хрватска, како и за полскиот Ниепломице како позајмен играч. Неговите фудбалски почетоци беа со Академија Пандев, клубот кој му го отвори патот кон интернационалната фудбалска кариера.

Со овој трансфер, Атанасов добива нова можност за напредок и дополнителна афирмација на меѓународната сцена, а истовремено останува важна алка и во националниот состав на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!