Денес на градскиот стадион во Кавадарци ќе се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Тиквеш и второлигашот Новаци.
Овој меч ќе се одигра со примена на ВАР технологија, што ќе биде еден вид и на тест на ВАР-от пред неговото официјално деби во Првата лига на 8 август.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Новаци ќе започне во 17:30 часот.