Второлигашот Беласица за новата сезона го претстави Коста Манев како најново засилување, тоа што го најави Спортска Мрежа се оствари.
32-годишникот доаѓа од редовите на прволигашот Брера Струмица и ќе биде големо освежување и засилување за тимот предводен од Александар Стојанов.
Одбраната на Беласица добива голем квалитет, а низ својата кариера Манев настапуваше за Викингит, ХЈК, П-35, Хонка, Интер Турку и Кеми Кингс во Финска потоа за Вардар, Вележ Мостар од БиХ и Ал-Кладија од Бахреин, а во домашниот шампион настапи и за Македонија ЃП.