Втора лигаТрета лигаФудбал

Триумф на првата контролка на Големо Коњари против Победа Валандово

Сподели
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари со триумф ги започна пријателските натпревари откако со 2:0 на домашен терен славеше над третолигашот Победа од Валандово.

На мечот кој се играше во прилепското село Големо Коњари, новиот второлигаш до овој триумф дојде преку двата гола на Беким Алимоски.

За младиот тренер Јовица Блажески ова беше прв меч на кој го водеше новиот второлигаш, а неговото официјално деби на клупата ќе биде секако на првиот меч од новата сезона во Втората лига, која започнува на 23 август.

За третолигашот од Валандово ова е меч од кој може да се види подигањето на формата и истата да се бруси преку останати пријателски натпревари со цел Победа да влезе максимално подготвена за новата сезона во Трета лига – Исток.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!