Искусниот стопер Зоран Котески ќе има нов клуб во неговата кариера, откако реши да си замине од новиот второлигаш Големо Коњари, дознава Спортска Мрежа.
33-годишниот прилепчанец за екипата на Големо Коњари настапуваше од јули 2024 година, а пристигна од редовите на прилепски Кадино, а претходно беше дел од Питу Гули, екс второлигашот Братство од Житоше, Обршани, Кадица, Младост од Кривогаштани, Новаци, Млекар, кичевски Напредок и Осогово.
Според информациите на Спортска Мрежа искусниот Котески има неколку понуди за кои во моментот размислува и води преговори каде ќе ја продолжи кариерата.