Втора лигаФудбал

Голманот Александар Игески си замина од Скопје, кариерата ја продолжува во нова средина!

Сподели
Сподели

Искусниот голман Александар Игески ќе има нов предизвик во неговата професионална кариера, откако тој замина од второлигашот Скопје.

Според информациите на Спортска Мрежа 33-годишниот Игески ќе има нов клуб во неговата богата професионална кариера, а веќе за него има интерес.

Искусниот голман дресот на Скопје го носеше во период од август 2023 година до јули 2025 година и беше клучен играч во тимот од Автокоманда.

Игески низ својата кариера покрај за Скопје, настапуваше и за Борец, Вардар, Тиквеш, Осогово, Гостивар, Беласица, Хоризонт Турново, Локомотива Бентоекспорт, Металург и 11-ти Октомври од каде и ја започна својата професионална кариера.

Во следниот период прилепчанецот ќе треба да ја одбере најдобрата понуда за продолжува на неговата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!