Втора лигаФудбал

Кожуф ги претстави првите пет засилувања: Стојанов, Бејков, Ивчески, Зумровски и Мемеди!

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија претстави пет нови засилувања за следната сезона 2025/2026.

Во тимот кој сега ќе го предводи стратегот Иван Варадиноски беа претставени стоперите Дарко Стојанов, Христијан Бејков и Бојан Ивчески, потоа дефанзивниот играч за врска Ники Зумровски и напаѓачот Албан Мемеди.

Искусниот Стојанов доаѓа од редовите на Слога Виница, а низ својата кариера Стојанов настапуваше за Детонит Плачковица, Гостивар, Вардар, Брегалница, Ренова, Борец, Хоризонт Турново, Маџари Солидарност, Беласица и бугарски Дунав Русе.

Бејков пристига од Вардарски, екипа која минатата сезона беше дел од Втора лига, а низ својата кариера настапуваше и за Беласица и Металург.

Мемеди пристига од Башкими, а има настапувано и за Воска Спорт, Детонит Плачковица, Шкендија, Лирија во Косово и Милано од Куманово.

Во Кожуф од Победа пристигна Ивчески, а пак Зумровски пристига од Вардар Неготино, всушност тој е повратник во Кожуф, а беше дел од Дукла од Словачка и Тиверија.

Според информациите на Спортска Мрежа се очекува уште едно до две засилувања да пристигнат во Кожуф во следниот период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!