Втора лигаФудбал

Охрид договори искусен напаѓач – доаѓа голгетерот Антонио Каланоски!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Амбициозниот Охрид за новата сезона во Втората лига договори искусен напаѓач дознава Спортска Мрежа, а се работи за Антонио Каланоски.

31-годишниот напаѓач ќе биде промовиран во дресот на Охрид во текот на утрешниот ден, со што „рибарите“ ќе имаат квалитетен голгетер со кој ќе ги полнат мрежите на противниците на патот кон остварување на својата цел влез во Прва лига.

Низ својата кариера искусниот Каланоски настапуваше за Охрид во период од август 2008 до јуни 2012 година, потоа продолжи во Металург, Локомотива Бентоекспорт, Напредок од Кичево, Еуромилк, Младост од Царев Двор, Силекс, Борец, Струга Трим Лум, Победа, Тетекс, Беласица, Шкупи, Гостивар и Брера Струмица.

Како што веќе претходно објави Спортска Мрежа екипата на Охрид досега се засили со голманот Дамјан Серафимов, браќата Димитриј и Стојан Попоски, Димитриј Димитриевски, Иван Глигоров, Андреј Симевски и Леонид Кофиловски.

Веќе утре ќе следува и првиот пријателски меч за Охрид против Трајал од Крушевац.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!