Трета лигаФудбал

Третолигашите во составот мораат да имаат четири играчи под 21 година, тројца мораат да го одиграат првото полувреме!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Младите фудбалери добиваат поголема можност во сениорскиот фудбал, промени во прозициите во делот на добивање на поголема минутажа кај второлигашите ќе се однесува и кај третолигашите.

Сите третолигаши од следната сезона 2025/2026 мораат да имаат во составот четири фудбалери под 21 година, натпреварот мора да го започнат и да го завршат првото полувреме со најмалку тројца фудбалери под 21 година.

  • Еве што вели член 21б од пропозициите за Трета лига:

(1) Во записникот од натпреварот, клубовите учесници во Третите лиги мораат да имаат во составот 4 (четири) фудбалери кои немаат навршено 21 година.

(2) Сите клубови учесници во Третите лиги, натпреварот мора да го започнат и да го завршат првото полувреме со најмалку 3 (три) фудбалери кои немаат навршено 21 година.

(3) За екипата која, од причини поврзани со епидемија/пандемија, остане со 11 фудбалери кои можат да настапат, став (1) и (2) не е задолжителен.

(4) Во натпреварувачката сезона 2025/2026 година, право на настап како фудбалери до 21 година, во смисла на Пропозициите за натпреварување во Третите МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2004 година и подоцна.

(5) Фудбалерот од став (4) на овој член има право да настапува како фудбалер под 21 година за времетраење на целата натпреварувачка година.

(6) Во натпреварувањето во Третите лиги не се дозволува настап на фудбалери странци. (7) Во временски период од 48 часа, фудбалерите имаат право да настапат на најмногу 3 (три) полувремиња, од кои најмногу две полувремиња за период од 24 часа.

Во сезона 2025/2026 ќе има пет третолигаши региони (Југозапад, Запад, Север, Југ и Исток), а од сезона 2026/2027 ќе има шести регион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!