Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ видовме четири натпревари кои донесоа возбудливи дуели, атрактивни потези и уште една потврда дека борбата за осминафинале ќе биде неизвесна до самиот крај.
- Резултати од вторник, 22 јули:
Мече Дел Шпед – Серта Конче 3:1
Втора победа за Мече Дел Шпед, кои со сигурно издание го совладаа Серта Конче и направија значаен чекор напред во групата А.
Greens Restaurant – Дивино Босилово 2:7
Дивино Босилово одигра натпревар за паметење и со висока победа над Greens Restaurant се приклучи во битката за првото место во групата В.
Freight One – Јанев Пласт 7:1
Актуелниот шампион Freight One не остави простор за изненадување и со висока победа ја започна одбраната на титулата, демонстрирајќи одлична форма.
Stiff Company – Freight One 3:5
Во својот втор натпревар во иста вечер, Freight One славеше и над Stiff Company во еден од најатрактивните натпревари на вечерта. Со ова, Freight One се наметнува како еден од најсериозните фаворити за пехарот.
Публиката во Ораовица уживаше во уште една вечер исполнета со фудбалски спектакл, голови и неизвесност. Турнирот станува сè поинтересен како што се ближи крајот на групната фаза!

Спортска Мрежа продолжува да ги следи сите натпревари со директни извештаи, видеа и коментари од теренот.