Започнаа пријавувањата за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „28-ми август“ кој се игра во Пробиштип.
Турнирот традиционално се организира по повод Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите.
Пријавувањето ќе биде отворено до 11 август од 19 часот, кога и ќе се изврши извлекување на екипите.
Котизацијата за учество на турнирот изнесува 6.000 денари, а организаторот годинава предвидува поголеми парични награди.
Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, а пак второпласираната екипа ќе добие 50.000 денари.
Исто така, предвидени се и индивидуални награди, со тоа што најдобриот голман ќе освои 5.000 денари, а исто така 5.000 денари ќе освои и најдобриот играч.
Пријавувањето на екипа можете да го направи на 078 387 765.
Спортска Мрежа и годинава, како и во изминатите неколку години медиумски ќе го поддржи овој турнир, а на кој учествуваат екипи од цела Македонија.