Втора лигаФудбал

Крстев: Работиме со двојна програма на тренинзи дневно, работиме на ангажман на засилувања!

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Второлигашот Осогово во пол ек ги реализира подготовките за новата сезона која ќе започне на 23 август. Клубот од Кочани предводен од искусниот стратег Крсте Крстев веќе работи според планот со двојна програма на тренинзи дневно.

Првиот пријателски меч ќе биде со екипата на Брера, а истиот ќе се одигра на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, а раководството работи на ангажман на неколку нови засилувања.

„Подготовките веќе една недела се реализираат според планот со двојна програма на тренинзи дневно. Фудбалерите максимално професионално ги извршуваат задачи и веќе во среда ќе го имаме првиот тест натпревар со Брера во Кочани, од кој очекуваме подигнување на формата од секој аспект на повисоко ниво. Паралелно, управата работи на пополнување на ростерот за следната сезона со уште најмалку двајца фудбалери, со цел да влеземе во рамноправна конкуренција и со сите клубови од Втора лига“, вели Крстев.

Осогово досега ги промовираше искусниот дефанзивец Христијан Митревски од новиот прволигаш Башкими, голманот Филип Лазаревски кој дојде од Вардарски и младиот Христијан Поп Антоски кој доаѓа од Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!