Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица го врати Стефан Бабунски, а се засили со младиот и талентиран Тино Спасиќ

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш претстави уште две нови засилувања за новата сезона која започнува на 23 август (сабота).

Во тимот предводен од штипскиот стратег Горан Здравков пристигнаа повратникот Стефан Бабунски кој доаѓа од Брегалница и младиот Тино Спасиќ кој доаѓа од Скопје.

Бабунски е повратник во Радовиш, доаѓа во добро позната средина за него каде имаше претходно успешен престој и со успех го носеше дресот на Детонит Плачковица, кога таа генерација на фудбалери испишаа историја со баражот за Прва лига против Вардар.

Левото крило само шест месеци остана во Штип и се врати во Радовиш, каде за Детонит Плачковица настапуваше од август 2022 до јануари 2025, а претходно Бабунски беше дел и од радовишка Плачковица кога настапуваше во период од август 2020 до јули 2021 година, а низ својата кариера има настапувано и за Каменица Саса, Брера Струмица и Еуромилк ГЛ.

20-годишниот Спасиќ е дефанзивен играч од средниот ред кој доаѓа од второлигашот Скопје, а кариерата ја започна во скопски Вардар.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Детонит Плачковица се засили со искусниот Сашко Дуков и Филип Ѓорѓиевски, двајцата во пакет дојдоа од Кожуф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!