Ракомет

РК Алкалоид со старт на подготовките и ново засилување од Исланд

Сподели
Сподели

Македонскиот суперлигаш РК Алкалоид ги започна подготовките за натпреварувачката сезона 2025/26. Првиот собир се одржа во салата „Автокоманда“, а на почетокот на подготовките присуствуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов, кој им посака успешна сезона исполнета со здравје, тимска сплотеност и натпреварувачки успеси.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Скопје, потоа тимот ќе замине во Маврово, а подготовките ќе продолжат со мини турнеја во Србија и Хрватска. Таму се планирани осум контролни натпревари против ривали од Србија, Хрватска и Словенија, како дел од подготовката за новата сезона.

Алкалоид го претстави и своето ново засилување – исландскиот ракометар Улфар Пал Монси Тордарсон. Дваесет и петгодишниот бек доаѓа од екипата на Валур, со која минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Европската лига на ЕХФ.

ФОТО: РК Алкалоид

За Тордарсон, настапите во дресот на Алкалоид ќе бидат прво интернационално искуство, откако претходно настапуваше за Афтурелдинг и Стјарнан во родниот Исланд.

Покрај новитетите, клубот информираше и за заминувањата – Арно Бинго и Михајло Младеновиќ повеќе нема да бидат дел од тимот, додека Костадин Петров ќе се приклучи на РК Мулти Есенс, каде ќе работи на рехабилитација и враќање на формата по повредата. Алкалоид им се заблагодари за досегашниот придонес и им посака среќа во понатамошната кариера.

ФОТО: РК Алкалоид

Алкалоид амбициозно влегува во новата сезона, со цел да продолжи со растот и настапите на високо ниво во македонскиот и европскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!