Турнири

ФОТО: Малеш Куп 2025 започна жестоко – голови, неизвесност и атмосфера каква што само Берово знае!

Сподели
Сподели

Првата вечер од Малеш Куп 2025 донесе спектакуларен фудбал и натпревари што уште на старт го подигнаа адреналинот на максимум! Публиката кај Старата Гимназија во Берово уживаше во шест возбудливи дуели, со дури 26 голови на стартот на турнирот.

  • Резултати од 20.07 (недела):

ЕКЛЕКТИК – М-Младост 3:0

Паб Делчево Монополо – Франкфурт Русиново 4:1

ОФК Карбинци Алфи – Голич Пром 9:0

Турбо Тим Марлон – Дивиен Казино 3:2

ДЕУТЗ ВИХ Дворище – ОФК Карбинци Алфи 1:2

ОФК Малеш Постоловски – ДЕУТЗ ВИХ Дворище 1:4

Вечерва следува втората натпреварувачка вечер – уште дерби натпревари, борба за бодови и нова доза фудбалска магија!

Следете ги резултатите, фотките и сите моменти на Спортска Мрежа – медиумски покровител на Малеш Куп од неговото прво издание во 2022.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

Турнири

Пицерија Дивино и Дим Метал во големото финале на турнирот “Стојаково 2025” 

Синоќаа беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!