Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев: Фокусот е на Грција, подготвени сме за нов пласман на Европско првенство!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Во одлични услови и со максимална посветеност, машката сениорска одбојкарска репрезентација ги одработува подготовките во Маврово за клучните квалификациски натпревари за Европското првенство 2026. Македонија на 13 август ќе се соочи со Грција, а четири дена подоцна ќе игра против Грузија.

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб засега можат да бидат задоволни од здравствениот биланс, бидејќи тимот тренира без проблеми, дисциплинирано и според предвидениот план. Секојдневно се работи двапати – на терен и во теретана со јасна цел: ново учество на Европско првенство, четврто по ред за македонската селекција.

Најголемиот предизвик ќе биде Грција, противник со кого веќе се соочивме во Европската лига минатиот месец, а според Владо Милев, токму тој натпревар ќе биде клучен на патот кон ЕП.

„Фокусот ни е на Грција. Тоа е најважниот меч за нас во вториот дел од квалификациите и таму мора да го дадеме максимумот. Игравме со нив неодамна, знаеме што не очекува и верувам дека ако бидеме комплетни и без повреди, можеме да им се спротивставиме рамноправно. Имаме доволно искуство, а младите играчи внесуваат свежина и енергија. Со квалитетните подготвителни натпревари што не очекуваат, верувам дека ќе ја кренеме формата до посакуваното ниво“, изјави Милев.

Репрезентацијата до крајот на неделата останува во Маврово, а потоа ќе замине во Софија, каде ќе одигра две контролни средби со Бугарија – што ќе биде прва проверка пред квалификациските предизвици во август.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!