Турнири

Вечерва започнува Малеш Куп 2025 – фудбалот повторно ја носи магијата во Берово!

Сподели
Сподели

Четвртото издание на Малеш Куп, традиционалниот турнир во мал фудбал, стартува вечерва на теренот кај Старата Гимназија во Берово, со шест возбудливи натпревари уште на првата вечер.

Од првото издание во 2022 година, овој турнир расте во реноме и организација, привлекувајќи силни екипи и голем број гледачи. Спортска Мрежа е медиумски покровител уште од самиот почеток и и годинава ќе ги пренесе сите возбудувања од Берово.

  • Групите се извлечени, натпреварите подготвени – вечерва од 19:00 часот стартуваат првите дуели:

19:00 ЕКЛЕКТИК – М-Младост
19:30 Паб Делчево Монополо – Франкфурт Русиново
20:00 ОФК Карбинци Алфи – Голич Пром
20:30 Турбо Тим Марлон – Дивиен Казино
21:00 ДЕУТЗ ВИХ Дворище – ОФК Карбинци Алфи
21:30 ОФК Малеш Постоловски – ДЕУТЗ ВИХ Дворище

Очекуваме вечер исполнета со страст, ривалства и фудбалска магија!

22:30 – ЗАБАВА СО “ТХЕ ШТЕКИЦА”

По натпреварите, фудбалската атмосфера продолжува со журка под отворено небо, музика во живо и незаборавна дружба!

Следете ги резултатите, фотките и најдобрите моменти на профилите на Спортска Мрежа, која четврта година по ред е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!