Прва лигаФудбал

Алекса Јовановиќ e ново дефанзивно засилување за Македонија ЃП!

Сподели
ФОТО: Македонија ЃП
Сподели

Македонија ЃП продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име во редовите на „лавовите“ е Алекса Јовановиќ, српски дефанзивец кој има 26 години.

Јовановиќ е фудбалер што главно дејствува како стопер, но подеднакво е вешт и на позицијата дефанзивен играч за врска. Во Македонија ЃП пристигнува од српскиот клуб Графичар, каде ги мина последните две сезони. Во својата кариера има настапувано и за Бор, Раднички и Инџија.

Со ангажманот на Јовановиќ, Македонија ЃП го продолжува процесот на реконструкција на тимот. Претходно ова лето клубот ги промовираше Мирсад Рамиќ за нападот, како и Јанков, Дарко Глишиќ, Талаков и Елмас, кои исто така се нови имиња во ростерот на скопскиот прволигаш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!