Второлигашите Кожуф и Беласица денес со меѓусебно соочување ќе започнат со одигрување на пријателските натпревари преку кои ќе се проверува формата за новата сезона.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 18 часот.
Овој меч ќе биде прв за Иван Варадиновски како нов тренер на Кожуф, штипскиот стратег го превзема второлигашот од Кожуф и ќе го води во следната сезона, а доаѓа како наследник на Славчо Георгиевски – Тупан.
Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август.