Новиот второлигаш Големо Коњари договори нови пријателски натпревари за проверка на новата пред стартот на сезоната кој е закажан за 23 август.
Претходно, Големо Коњари ги договори пријателските со третолигашите Победа Валандово и Евротип, како и со второлигашот Вардар Неготино.
Како што дознава Спортска Мрежа раководството на Големо Коњари договорило пријателски натпревар со Победа, кој треба да се одигра на 7 август, додека пак на 16 ќе следува генералката со Новаци пред почеток на првенството.
Но, како што дознаваме доколку Големо Коњари и Новаци се соочат во воведните кола од првенството во тој случај нема да се одигра пријателскиот натпревар.