Прва лигаФудбал

Гркот Киријакос Мазулуксис е нов играч во Струга Трим Лум!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Тимот на Струга Трим Лум доби ново засилување пред стартот на сезоната 2025/26. Киријакос Мазулуксис е најновиот фудбалер кој му се приклучи на македонскиот прволигаш, а со тоа стана и првиот Грк кој ќе го носи дресот на стружани.

28-годишниот дефанзивец доаѓа како слободен агент, откако му истече договорот со Паниониос, неговиот последен клуб. Во својата кариера има значајно искуство во грчкиот фудбал, настапувајќи во Суперлигата за неколку екипи меѓу кои АЕ Кифисијас, ПАЕ Ханија, ПАС Ламија, Ерготелис и Арис од Солун, клуб каде што потпиша и професионален договор.

Ова ќе биде негово второ меѓународно искуство, по кратката епизода во белгиски Лирс.

Мазулуксис игра на позиција централен бек, но исто така може да биде употреблив и како десен бек или дефанзивен играч за врска. Со Струга Трим Лум потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката уште две години.

Стружани му посакаа топло добредојде и многу успех во новата средина со „црвено-белиот“ дрес.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!