Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јошко Миленкоски: Целта е ново Европско првенство, ќе биде тешко, но одиме со јасна цел!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот Јошко Миленкоски вчера ја собра македонската одбојкарска репрезентација во Маврово, каде и беше првиот тренинг како официјален почеток на подготовките за претстојниот квалификациски двомеч со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски ќе се потпре на проверената гарнитура од Европската Златна лига од минатиот месец, уверувајќи дека токму тие се вистинските за да се оствари целта – четврто учество по ред на континентален шампионат за Македонија.

„Одморот беше краток, можеше да биде и пократок, но моравме да им оставиме малку простор на играчите по напорниот настап во Европската лига. Таму имавме добар резултат, ја задржавме позицијата во Златната лига и следната година повторно ќе се натпреваруваме во тоа друштво“, истакна Миленкоски.

Селекторот додаде дека сега следи многу поважниот дел, бидејќи е потребно да се задржи континуитетот на настапи на Европските првенства.

„Нема да биде лесно. Она што го испуштивме во претходната рунда мора да го надоместиме во Атина, против Грција. Потоа мечот со Грузија во Скопје треба да биде круна и да ни го обезбеди пласманот. Грција е во фокусот, но за жал не зависиме само од себе. Форматот е таков, па треба да се надеваме дека резултатите во другите групи ќе ни одговараат“, рече Миленкоски.

Македонија нема да има долги подготовки, но селекторот најави дека ќе бидат интензивни. Тимот ќе одигра пријателски двомеч со Бугарија, а потоа следува турнирот „Чајка“ како финална проверка, каде противници ќе бидат Бугарија и Швајцарија.

„Ќе биде кратко, но напорно. Мора да мислиме позитивно и да останеме фокусирани на јасната цел – пласман на Европското првенство. Тоа треба да ни биде мотив на секој тренинг и натпревар, особено за првиот дуел со Грција“, порача Миленкоски.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!