Ракометниот клуб Астибо од Штип активно го склопува ростерот за настап во новата сезона на Супер женската лига, а едно од клучните прашања – голманската позиција – веќе е решено.
Штипјанки ќе располагаат со три голманки, што значително ќе ја зголеми конкуренцијата меѓу стативите и ќе донесе стабилност во дефанзивата. Кристина Младеновска Кузмановска – искусната голманка доаѓа од редовите на ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет и ќе донесе потребно искуство и сигурност на оваа позиција.
Хани Чобанова – младата и талентирана голманка, која потекнува од школата на Металург, е новото име во составот и важен проект за иднината на клубот. Ана Насева – надежната голманка останува дел од екипата и ќе продолжи да го брани голот на Астибо и оваа сезона.
По успешниот пласман во плеј-офот минатата сезона, Астибо влегува во новата натпреварувачка година со јасна амбиција – уште подобри резултати и стабилен настап во елитната лига.
Тренерот Дејан Величков добива комплетна голманска линија, што е важен чекор во градењето на тимот кој ќе атакува на високи позиции во Супер женската лига на Македонија.