Фудбалскиот клуб Работнички ја започна продажбата на билетите за реваншот од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА против белорускиот Торпедо Белаз.
Влезниците се достапни преку онлајн платформата на МК Тикетс, по цена од 200 денари за Северната трибина на Националната Арена „Тодор Проески“.
На денот на натпреварот, четврток (17 јули), билетите ќе можат да се купат и на билетарата на стадионот, почнувајќи од 14:00 часот.
По убедливиот пораз (3-0) на првиот натпревар на гостински терен, Работнички ќе се обиде да направи фудбалско чудо на реваншот во Скопје и да стигне до пресврт кој би го одвел во следната рунда.
Натпреварот се игра на 17 јули со почеток во 18:00 часот.