ЖФК Каменица Саса го утврди планот за подготовките, а прволигашот „моторите ги пали“ на 18 јули, кога шефот на стручниот штаб Зоран Златковски ќе ја собере екипата и со прв тренинг ќе означи старт на летните подготовки за новата сезона 2025/2026 во Првата женска фудбалска лига.
Фудбалерките индивидуално се подготвуваат од 4 јули со програма, а подготовките кои ќе започнат на 18 јули ќе се реализираат во Македонска Каменица каде има одлично услови два фудбалски терени и сопствена теретана.
Во разговор на Спортска Мрежа со шефот на стручниот штаб Зоран Златковски, веќе се закажани и пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона. На 5 август ќе се одигра пријателски натпревар против Истатов во Македонска Каменица, а потоа на 9 и 10 август Каменица Саса ќе учествува на турнир во Речица, каде учество ќе земаат четири екипи односно домаќинот Речица, Каменица Саса, шампионот Љуботен и Машинац од Ниш, Србија.
Пријателски натпревар бил договорен и за 31 јули, но противникот го откажал овој тест, па сега раководството на клубот бара нов противник за тој термин.
„Целите на нашиот тим се како и секоја година да се спремиме кон првите места на табелата како и освојување на Купот на Македонија. По завршувањето на сезоната ослободивме неколку фудбалерки од кои не бевме задоволно, имаме потпишано договор со две нови интернационалки кои наскоро ќе бидат промовирано, но сме во разговори со уште една со која сме при крај со финализирање околу деталите на договорот, што би значело дека ќе имаме и петта интернационалка“, изјави тренерот Златковски за Спортска Мрежа.
Во Каменица Саса останува и бугарската интернационалка Антонина Шопкса како и Туане Фрагосо, кои ги продолжија договорите и за сезона 2025/2026, како што вели Златковски овие две фудбалерки имале одлична сезона зад нив во дресот на Каменица Саса.
Како што открива Златковски во разговорот со Спортска Мрежа, клубот од малото рударско гратче е во преговори и со две фудбалерки од Македонија, а искусниот стратег очекува исто така да постигне договори и истите да се приклучат на екипата со што ќе е добие на квалитет и со тоа Каменица Саса ќе има една одлична и стабилна екипа која со квалитетни подготовки ќе може да го победи секој противник.
Во Првата женска фудбалска лига (ПЖФЛ) се натпреваруваат десет екипи, тоа се шампионот Љуботен, Каменица Саса, Тиверија Брера, Скопје, Истатов, Топ Гол, Ас Јунајтед, Атлетико, Речица и повратникот во елитата екипата на Кочани.