Прва лигаФудбал

Младите талентирани фудбалери Албан и Флориан,се нови засилувања во тимот на Струга Трим Лум!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум континуирано гради тим не само за сегашноста, туку и за иднината. По неколкуте засилувања со искусни фудбалери од странство, клубот направи нов важен чекор, потпишувајќи професионални договори со двајцата талентирани стружани – Албан и Флориан Рочи.

Клубот силно верува во потенцијалот на овие двајца фудбалери, кои се гледаат како значаен дел од иднината на Струга Трим Лум. Поради тоа договорите се долгорочни, со цел да им се даде можност да созреваат и напредуваат токму во клубот на својот роден град.

Албан Рочи има 17 години и е роден во Струга. Последните две години беше дел од младинските категории на АП Брера, каде што успеа да освои неколку трофеи. Игра на позицијата десен бек, а неговиот талент и квалитет наскоро ќе бидат ставени во функција под водство на тренерот Бледи Шкемби. Албан своите први фудбалски чекори ги направи во младинските категории на ГФК Охрид, исто како и неговиот братучед, Флориан.

Флориан Рочи е 18-годишен, исто така роден во Струга. И тој, како Албан, изминатите две години ги помина во АП Брера, каде што освои значајни трофеи во младинската конкуренција. Пораснат и поспремен, Флориан сега ја гледа својата шанса да се наметне во сениорскиот тим. Тој игра како десно крило.

И двајцата млади таленти се дел и од младинските репрезентации на Македонија – Албан настапува за У17 селекцијата, додека Флориан за У18.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!