Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Младинската репрезентација на Македонија ја совлада Грузија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Во третиот натпревар на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, со одлична игра, особено во првото полувреме, младинската репрезентација на Македонија ја совлада Грузија, и остана во игра за пласман во четвртфиналната фаза.

Најдобрата четвртина во досегашниот дел од Европското првенство ја одиграа нашите млади кошаркари, реализирана во натпреварот против селекцијата на Грузија.

Со еден максимално колективен пристап, а со кој, во фазата на нападот учествуваа сите играчи кои ги испрати на теренот селекторот Горан Самарџиев, Македонија дојде до реализација на 31.поен, имаше и двоцифрени (31:20), кои беа ништо пониски, за два поени, по истекот на тој прв период, кој извесно, треба да биде и патоказ како треба да игра нашиот младински национален тим на овој шампионат во Ерменија.

По тројката на Зетов, во 14.минута, Македонија имаше највисока предност (41:28) во тој дел од мечот. Грузијците најавија „враќање“ со пет поени по ред, но Луканоски и Стојковиќ (заедно искомбинираа 21.поен) испратија нов „одговор“, ја вратија предноста на двоцифрена (45:33).

И тука не застанаа нашите момчиња, напротив, притиснаа уште повеќе, и полувремето за паметење го заклучија со плус 21.

Македонија водеше против Грузија со резултат (56:35).

Луканоски комплетираше 15.поени и шест скока), Стојковиќ имаше 13, но и девет скока, но дојде и поддршката од Ќириловски, Младеновски, Иванов, Стојанов.

Имавме и повисоки (58:35) по првите напади во третата четвртина, но тоа беа минути во кои му дозволивме на грузискиот тим да „стопи“ добар дел од таа голема позитива. Стигна Грузија и на едноцифрен минус од само девет поени (57:66). Но во вистинско време дојде тројката на Кечовски, и поентирањето на Ќириловски, за да го одбиеме тој напад на противничката селекција, да се одвоиме на (71:57) по 29.минути од натпреварот. Во онаа последната примивме уште четири поени, и последната четвртина ја дочекавме со позитива од десет поени (71:61).

Слично беше нашето водство и на средината од последниот период, (81:72), а и по 38.минути игра (87:78).

Освен Луканоски и Стојковиќ, на оваа средба до двоцифрен број на поени во нашиот тим дојдоа Ќириловски и Иванов.

Со 18.поени (имаше и четири скока), Ќириловски беше и прв стрелец во нашата репрезентација „Под 20“ години.

Луканоски дојде до двоен ефект, изразен со реализација на 17.поени и 11.скока. Иванов заврши со 14.поени (плус по три скока и три асистенции), додека Стојковиќ имаше 13.поени и 11.скока.

А свој придонес во првиот успех на Македонија на шампионатот, дадоа и Стојанов, кој реализираше 13. поени, а имаше и одлични девет асистенции, Кечовски, кој даде осум, и Младеновски кој беше реализатор на шест поени.

Наредниот меч за нашата младинска селекција следува на 15.јули (вторник), во еден доста ран термин, од 10.30 часот, во кој за противник ја имаме репрезентацијата на Швајцарија.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија против Швајцарија ќе се бори за трофејот на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија ја совладаа и репрезентацијата на Украина со резултат од...

Европско првенство 2026РакометРепрезентација

Хрватска на ЕП без ракометарот на Охрид – објавен конечниот список на Сигурдсон

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави конечниот список на ракометари за...

РакометРепрезентација

Кадетскиот Мундијал 2026 ќе се игра во Романија!

Романија ќе биде домаќин на Светското првенство за кадетки во 2026 година,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!