Прволигашот Шкупи продолжува со одлична работа со младинските категории, а едно од имињата што наскоро се очекува да блесне е Љеарт Абдули. Се работи за 15-годишен фудбалер кој има голем таленти и потенцијал.
Младиот талент веќе две години по ред е вистински голгетер, во сезоната која заврши во регионалната скопска лига 2010 (петлиња) Б за сезона 2024/2025, Абдули постигна 16 погодоци со што беше најдобар стрелец, со што ги потврдува своите квалитети.
Поради неговите карактеристики, често го споредуваат со Аргентинецот Серхио Кун Агуеро.
Одличен инстинкт за гол и фудбалер кој е вистински „снајперист“ и постигнува фантастични погодоци. Среќата да работи со него ја има тренерот на У-15, Минас Османи, кој истовремено е и помошник-тренер во првиот тим на ФК Шкупи.
Токму Османи, добро запознаен со квалитетите на Љеарт, се очекува да го препорача за првиот тим, каде би тренирал со сениорите, со цел клубот конечно да добие центарфор кој потекнува од сопствената школа – позиција што на првиот тим му недостасува веќе подолг период.