Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе биде дел од групата Б во новата сезона на ЕХФ Лигата на шампионите, каде го очекуваат врвни пресметки со некои од најголемите клубови во Европа. Битолчани ќе се соочат со Барселона, ПСЖ, ПИК Сегед, Магдебург, Висла Плоцк, ГОГ Гудме и Загреб.
Откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи мали измени во распоредот поради телевизиски права и дерби пресметки, сега официјално е познат целосниот календар за групната фаза.
Пелистер го отвора натпреварувањето на домашен терен против хрватскиот Загреб (10/11 септември). Во второто коло, ќе следи тешко гостување кај францускиот гигант ПСЖ, а потоа против ГОГ Гудме во Битола.
- Официјален распоред на Еурофарм Пелистер:
1 коло 10/11 септември – Еурофарм Пелистер – Загреб
2 коло 17/18 септември – ПСЖ – Еурофарм Пелистер
3 коло 24/25 септември – Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
4 коло 08/09 октомври – Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
5 коло 15/16 октомври – Еурофарм Пелистер – Барселона
6 коло 22/23 октомври – Магдебург – Еурофарм Пелистер
7 коло 12/13 ноември – Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
8 коло 19/20 ноември – ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
9 коло 26/27 ноември – Еурофарм Пелистер – Магдебург
10 коло 03/04 декември – Загреб – Еурофарм Пелистер
11 коло 18/19 февруари – Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
12 коло 25/26 февруари – ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
13 коло 04/05 март – Еурофарм Пелистер – ПСЖ
14 коло 11/12 март – Барселона – Еурофарм Пелистер
Среда и четврток се стандардните денови за одигрување на натпреварите, со термини од 18:45 и 20:45 часот, а конечните термини ќе бидат објавени до крајот на јули.
- Потоа следуваат елиминационите рунди:
Осминафинале: 01/02 и 08/09 април 2026
Четвртфинале: 29/30 април и 6/7 мај 2026
Фајнал-фор: 13 и 14 јуни 2026
Битолчани се подготвуваат за новата сезона во елитата, а оваа група нуди спектакуларни натпревари за домашната публика. Еурофарм Пелистер ќе ја има поддршката од своите навивачи во обидот да испише нови европски успеси.