КупФудбал

Воска се намачи, Гостивар сигурен, Македонија ЃП преку пенали во следна фаза од Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се комплетираше првата фаза од Купот на Македонија, откако беа одиграни трите одложени натпревари. Неизвесно беше во Гостивар и Струмица, а на „Борис Трајквоски“ во Маџари прволигашот Гостивар лесно обезбеди следна фаза.

Беласица и Македонија ЃП одигра 2:2 во регуларниот дел, откако за струмичани Кире Маркоски во 38. минута погоди за 0:1 на полувреме за гостинот. Во вториот дел Беласица направи комплетен пресврт откако Кире Стојанов постигна два погодоци за 2:1. „Лавовите“ во 78. минута добија пенал, а истиот успешно го реализираше Крсте Велкоски за 2:2 со што победникот се решаваше во пенал серијата.

Јовов до Беласица и Христов од Македонија ЃП беа сигурни во првата серија, во втората за струмичани погоди Христовски, за гостинот Велкоски.

Во третата фаза Војнески и Стојчевски беа сигруни, во четвртата фаза Глигоров беше сигурен за Беласица, а за „лавовите“ Темелков беше прецизен.

Во петтата фаза капитенот Александар Милушев биеше над голот, а пак Дарко Размоски беше сигурен од белата точка за конечни 4:5 во пенал серијата со што Македонија ЃП оди во следна фаза.

Прволигашот Гостивар лесно обезбеди следна фаза од Купот откако со 3:1 славеше над Победа од Прилеп со 3:1. Двете екипи ги сменија домаќинствата, првично требаше да се игра во Прилеп, но на барање на Гостивар, а на тоа ФФМ даде зелено светло се променија домаќинствата.

Ивановски и Машике погодија за 2:0 на полувреме за Гостивар, додека пак во вториот дел на „Борис Трајковски“ во Маџари Ајдини постигна гол за 3:0. Во 69. минута Ѓурчиновски намали на конечните 3:1.

Воска Спорт се намачи и во финишот на мечот го доби мечот со Башкими на Градскиот стадион во Гостивар со 0:2. Ибраими во 85. минута го скрши отпорот на Башкими за водство на прволигашот од Охрид со минимални 0:1, а во 96. минута Воска Спорт доби пенал кој успешно го реализираше Клинтон за конечни 0:2.

Претходно, следна фаза од Купот обезбедија Шкупи, Арсими, Шкендија, Брера, Брегалница, Беса, третолигашот Шкендија Арачиново, Силекс, Детонит Плачковица, Струга Трим Лум, Пелистер и Вардар. Во следна фаза се приклучува и освојувачот Тиквеш.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!