Турнири

ВИДЕО: Фреит Оне од Радовиш на убедлив начин го освои „Благој Истатов“, второ место за Дивино!

Сподели
Сподели

Екипата на Фреит Оне од Радовиш е освојувач на третото издание на меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“ во Струмица, турнир кој понуди неверојатна фудбалска магија од првиот ден, па се до големото финале, а кое пак финале понуди многу погодоци за убедлива победа над Фреит Оне од 6:1 над Пица Ресторан Дивино од Босилово.

Фреит Оне освои фантастични 500.000 денари, додека пак екипата на Дивино како второпласирана доби парична награда од 250.000 денари. Во мечот за трето место екипата на Еклектик од Берово беше подобра од Украс Инг од Неготино со 2:1.

Спортска Мрежа медиумски го поддржа „Благој Истатов 2025“ – турнир кој веќе прерасна во голема фудбалска магија, а на големото финале специјален гостин беше големиот Игор Џамбазов, како и синовите на Благој Истатов, Мишел и Боро, кои ги доделија наградите.

Организаторот, додели и индивидуални награди.

  • ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ НА „БЛАГОЈ ИСТАТОВ 2025“:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!