Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица ги „запали моторите“ – во следните денови ќе бидат промовирани првите засилувања!

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица ги започна подготовките за новата сезона под водство на искусниот стратег Александар Стојанов.

На првата прозивка на шефот на стручниот штаб Стојанов се појавија 25 фудбалери, а меѓу кои и неколку играчи од младинскиот погон на струмичката фудбалска гордост.

Од клубот заминаа Здравковски Огнен, Симеон Здравковски и Мирче Стоилов, а на нивно место овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во редовите на Беласица за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

ФОТО: ФК Беласица

Според планот за подготовки, до крајот на оваа недела фудбалерите на Беласица ќе тренираат по еднаш во денот, а веќе од понеделник се започнува со два тренинга на ден.

ФОТО: ФК Беласица
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!