Изминатиот викенд започна новата сезона од Општинската фудбалска лига во Охрид или Четврта лига, а во рамки на првото воведно коло екипата на Кибо Пласт Сити Паласт со 5:1 го декласираа тимот на Лескоец.
Разликата во квалитетот беше очигледна, а резултатот говори сам по себе за тоа што домаќинот беше фаворит на мечот за трите бодови.
Самет Амети во 21. минута од мечот го отвори резултат за водство од 1:0, а во 36. минута Блертон Рочи постигна гол за 2:0, а во 42. минута Илја Ристески намали на 2:1 на полувреме.. Во вториот дел од мечот Амети со втор гол зголеми на 3:1 во 55. минута, а веќе во 66. минута Божидар Наумоски погоди за убедиви и високи 4:1.
Во продолжениот од мечот екипата на Лескоец се распадна откако Рочи со втор гол ги постави конечните 5:1.
На дуелот меѓу Рудар од Куратица и Пирамида паднаа десет погодоци за триумф на домашниот тим од 6:4. За домаќинот двоен стрелец беше Котоски, а по еден гол постигна Јосифоски, Петкоски, Балоски и Петкоски, додека пак за гостинскиот тим погодија Рамадани, Далип, Максути и Рамадан.
Свети Петар на домашен терен загуби од екипата на Слатино со резултат од 1:2.
Цветкоски постигна гол за водство на гостинскиот тим од 0:1 на полувреме. Во вториот дел Војдиновски погоди за 0:2, а во 69. минута Милошоски ги постави конечните 1:2.
Екипата на Куршум на теренот во Косел со 0:3 запиша висока и сигурна победа над екипата на Вулкан. Со погодоците на Крстаноски и ДИмитриоски гостинот имаше 0:2 на полувреме, а во вториот дел Китевски ги постави конечните 0:3.
Во рамки на првото коло слободна беше екипи на Лешани.
Во новата сезона од Четвртата лига во Охрид се натпреваруваат девет екипи, а тоа ќе значи дека во секое коло ќе има по една слободна екипа.
Во рамки на второто коло во Долно Лакочереј ќе се соочат Куршум и фаворитот Кибо Пласт Сити Палас, Слатино дома ќе игра со Вулкан, Пирамида против Свети Петар, а пак Лешани првиот меч од новата сезона ќе го одигра на домашен терен против Рудар од Куратица.